АНАЛИЗА: Комисијата бара отворање на границите за земјите од кои имаме најмногу увезени случаи на коронавирус

Од:

Меѓу земјите од кои имаме најмногу увезени случаи на коронавирус се токму земјите за кои Комисијата за заразни болести утрово побара укинување на задолжителниот негативен тест при влез во Македонија. Комисијата на Владата ѝ предложи да дозволи влез без тест за граѓани кои доаѓаат од Србија, Црна Гора, Косово и Албанија.

„А1он“ ги побара бројките на увезени случаи на заболени од Ковид – 19 од земјите за кои треба да биде олеснет пристапот, а врз кои се базира барањето. На прво место е Албанија со 103 увезени случаи, следува Србија со 77 случаи, Косово со 28 и Црна Гора со 6 увезени случаи.

„Според податоците од националната база, од почетокот на епидемијата до вчера, вкупно се регистрирани 489 импортирани случаи, во периодот откако се отворија границите и се регистрираат скоро секој ден. Од нив, 77 случаи се регистрирани како увезени од Србија, 6 од Црна Гора, 103 од Албанија и 28 од Косово“, велат за „А1он“ од Министерството за здравство.

Од вкупната бројка на заболени во Македонија од почетокот на епидемијата, 18.790, според податоците на Институтот за јавно здравје, 489 или 2,6 отсто се увезени случаи. Од Министерството не одговорија колкави се бројките на увезени случаи од останатите земји.

77 случаи на заболени од Ковид – 19 се регистрирани како увезени од Србија

Министерот за здравство Венко Филипче на 22 септември направи пресек на увезените случаи и соопшти дека до тогаш биле регистрирани 414 што укажува дека за околу две недели биле регистрирани нови 75 увезени случаи.

„Од импортираните случаи најголем број се од Албанија 79, следуваат Србија со 74 случаи, Германија 41, Косово 24, Бугарија 22, Турција 20, Грција 18 и Австрија 15 случаи“, рече министерот Филипче пред две недели.

Бројот на увезени случаи од Албанија, според бројките што ги посочи министерот Филипче,  од 22 септември досега пораснал за 24, од Србија и со задолжителен ПЦР тест увезени се уште тројца заболени и од Косово уште четворица.

Министерството за здравство има посебно објаснување зошто во истата група со Србија, Црна Гора и Косово е ставена и Албанија, кога за Албанија нема рестрикции и границата реципрочно се поминува без да се бара негативен ПЦР тест.

Во истата група со Србија, Црна Гора и Косово е ставена и Албанија иако за оваа земја нема рестрикции, за да немало дополнителни прашања. – Граничниот премин Ќафасан

„Албанија ја ставивме во оваа група за да нема дополнителни прашања. Ќе прашуваат дали од Албанија во Македонија ќе може да се влезе без ПЦР тест, па затоа ја додадовме и Албанија во истото барање за да нема забуни иако таму и сега нема ограничувања“, објаснуваат од Министерството за здравство.

Со барањето за отворање на границите со Србија, Црна Гора, Косово и Албанија без ПЦР тестови Комисијата за заразни болести разгневи дел од граѓаните. Комисијата истовремено за граѓаните дома ги заострува мерките и најавува уште построги, а за странците ги разлабавува. Граѓаните посебно го покажаа гневот на социјалните мрежи каде што ги обвинуваат членовите на Комисијата за двојни аршини.

Комисијата преку соопштение го оправда барањето за отворање на границите со Србија, Црна Гора, Косово и Албанија со малиот број увезени случаи.

„Според анализите, во моментов нема индикација, односно нема висок број на импортирани случаи во земјава со Ковид-19 од овие земји. Согласно тоа, нема ризик и безбедно е отворањето на границите“, соопшти Министерството за здравство утрово.

Дека ќе се отвори границата со Косово, но не поради малиот број увезени случаи туку за да не трпи економијата, на почетокот на септември најави и првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците Артан Груби откако во неговиот кабинет го прими министерот за здравство на Република Косово, Арменд Земај.

Дека ќе се отвори границата со Косово, но не поради малиот број увезени случаи туку за да не трпи економијата, најави и првиот вицепремиер Артан Груби по средбата со косовскиот министер за здравство Арменд Земај

„Груби истакна дека тој лично е за отворање на сите гранични премини, заради слободното движење, и истото да се спроведе според моделот што го користат Република Албанија и Република Косово, преку слободно движење без да се бараат ПЦР тестови“, соопштија од Кабинетот на Груби по средбата.

Од нивната средба до денес Македонија ги надмина сопствените рекорди по број на новозаразени во еден ден со 225 регистрирани нови случаи на 2 октомври и 243 новозаразени на 3 октомври.

Зголемените бројки, како што најави Комисијата за заразни болести, го вклучиле алармот за да се утврди како и каде се шири вирусот, па најавија анализи, но резултатот од анализите се уште не го соопштија. И без резултати од анализите Комисијата предложи, а Владата изгласа нови ограничувања за угостителските објекти и побара да се отворат границите со Србија, Црна Гора и Косово.

Комисијата, покрај малиот број увезени случаи, барањето за отворање на границите со овие земји, го оправдува и со начинот на кој функционираат границите во Европската Унија.

„ Во Европската Унија сите граници на движење се без ПЦР тестирање“, стои во соопштението од Комисијата.

И покрај тоа што како пример за отворени граници Комисијата ја дава Европската Унија, за македонските државјани без ПЦР тест во моментов се дозволени патувања само во Албанија и во Турција.

Би можело да ве интересира

Ќе заседава Комисијата за заразни болести, се очекуваат детали околу забраната за невакцинирани деца во градинките

Пивоваров: Полиграфска проверка на службениците на границите, како мерка за сузбивање на корупцијата

Засилени инспекции во скопските градинки да се види која од нив прима невакцинирани деца, препорача Комисијата за заразни болести

Орце Костов

Се бара прогласување епидемија на Голема кашлица во Скопје, 18 случаи досега

Анита Петровска Рајковиќ

Се враќаат границите во ЕУ поради мигранти – По Германија и Австрија и Чешка воведоа контроли

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски