Најмногу увезени случаи на коронавирус во земјава има од Албанија и Србија

Од:

Коронавирусот најмногу сме го увезувале од Албанија и Србија. Министерот за здравство Венко Филипче рече дека од почетокот на кризата регистрирани биле вкупно 414 увезени случаи на коронавирус кај нас.

„По затворањето на границите спорадични случаи почнуваме да регистрираме на 29 мај, а по повторното отворање на границите речиси секој ден. Од почетокот, вкупен број импортирани случаи се 414, од нив најголем број се од Албанија – 79, Србија – 74, Германија 41, Косово 24, Бугарија 22, Турција 20, Грција 18 и Австрија 15 случаи“, рече министерот Филипче.

Поради ширењето на коронавирусот, границите беа затворени три месеци, односно од март до 26 јуни, кога повторно беа отворени.

Најголем број новодијагностицирани сме имале во 28 недела, односно втората недела од јули со регистрирани 1074 нозоаболени, по што следи период кога бројката опаѓа се до 38 недела, во септември кога се регистрирани 908 нови случаи.

Од почетокот на кризата во земјава се регистрирани вкупно 16.867 заболени од Ковид – 19, од кои 88 случаи се од денес, регистрирани се 705 смртни случаи, а во моментов има 2.078 активни случаи. Институтот за јавно здравје од почетокот на кризата бележи 14.084 излекувани од Ковид – 19.

Би можело да ве интересира

Филипче оддаде почит на хероите од НОБ во Прилеп: СДСМ е наследник на државотворните политики на партизаните

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите

По прес-конференцијата на Филипче: „Во паника е дека се одмотува клопчето, сите се криминалци, само тој е чесен“

Филипче: Ја погребаа партијата, нека ми се тргнат од патот, нека не ми држат лекции