Зошто Министерството за финансии го форсира приватниот партнер во Државната видеолотарија?

Од:

Прераспределба на добивката и преземање на целиот пазар и профит од приватните автомат клубови и насочување до Државната видеолотарија каде има приватен капитал од 49 проценти. Така изгледа математиката на Министерството за финасии според приватните автоматклубови, доколку се спроведат измените на Законот за игри на среќа.

Потребата од 300 метри оддалеченост од училиштата на обложувалниците и коцкарниците звучи примамливо и оправдано, но паѓа во сенка на барањето во законското решение за купување на модерни и нови апарати за коцкање со што дополнително се стимулира коцкањето. Со измена на законот, повторно се одложува либерализацијата на монополот за приредување на интернет игри на среќа кои досега го има само Државна видео лотарија. Интернет игрите на среќа и натаму ќе бидат достапни на пазарот, зошто мобилните телефони и компјутери не познаваат малолетни лица и училишта.

– Вистинско оправдување за ваквото решение е да се стимулираат производителите на вакви автомати кои не се македонски компании, ама се присутни на македонскиот пазар како продавачи на автомати и приредувачи на игри на среќа, со што законски им се дава можност да го освојат целиот пазар, а некој од тоа има направена добар прорачун, е една од реакциите на страната на ЕНЕР.

Законските измени, кои се во „името на граѓаните“, всушност не носат никаква корист за нив. Единствена позитивна страна е што треба да се оддалечат од училиштата и да се заштитат малолетните лица од коцкање. Но во суштина, зад оваа позитивна работа, се крие прелевање на профитот од приватните автомат клубови кон други групации, кои очигледно уживаат поддршка и од оваа власт. Елиминација на дел од токму ќе се направи со законска обврска да набават нови апарати за коцкање.

– Несериозно е тврдењето дека никој не ја гарантирал функционалноста и исправноста на апаратите. Дали за ова постои анализа и доколку постои министерството нека ја објави пред јавноста. Ова е толку несериозно тврдење со оглед дека техничката исправност се проверува од овластено лице на Министерството за финансии кои издава уверение дека се технички исправни за употреба, пишува во реакциите на страната на ЕНЕР.

Според достапните информации, 23 проценти од заработката на приватните автоматклубови секој месец влегуваат во буџетот, и се распоредуваат за здруженија на инвалиди, спорт, Црвен крст и други социјални групации. На годишно ниво се спомнува сума од околу 40 милиони евра од казина кои завршуваат во буџетот.

Приближно 15 милиони евра годишно, колку што се претпоставува е пак заработката од апаратите на државна видео лотарија кои завршуваат во Државна лотарија на Македонија при што се прераспределуваат со приватниот партнер. Овие пари не завршуваат во буџетот, туку се распределуваат помеѓу двата субјекти.

Државна видео лотарија која е составена од Лотарија на Македонија и приватен партнер имаат поставени околу 1300 ВЛТ апарати, за кои e пропишано да плаќаат на државата по 30 евра од терминал, односно претпоставено околу 500.000 евра на годишно ниво. Битно е што државата поставените ВЛТ апарати по обложувалниците се уште ги третира како електронски игри на среќа, иако се само изменета терминологија за класичен џек пот.

Министерството за финансии е задолжено од парите од казинскиот надоместок наменски да прераспоредува во буџетот средства кои не треба да се помалку од 1 милион евра и не повеќе од 2 милиони евра, за социјални и ранливи категории, за разлика од сите европски и балкански држави каде вкупниот процент што се пренасочува во буџетот за овие категории изнесува 50 проценти.

Парите од игри на среќа кои остануваат на сметката на Државната видео лотарија, излегуваат надвор од државата преку приватниот партнер за кој нема јавно објавени податоци, зашто и нема законска обврска за тоа. Оваа законска обврска не е предвидена ниту во новото законско решение.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрова: Бесими незаконски потпишал согласности за 3.000 вработувања во државни институции

Горан Наумовски

Вработени во МФ бараат исплата на додатокот на плата од 30 отсто

Протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерство за финансии при УПОЗ ако не се потпише колективен договор

Горан Наумовски

МФ: Новата ПЕР 2024-2026 усвоена од Владата, поставена основа за нашата Реформска агенда за Планот за раст на Западен Балкан

Не смее да се вработува освен за испразнето место, но фалат луѓе во администрација вели Бесими

Анита Петровска Рајковиќ

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација