„Зидојче цајтунг“: ММФ бара делумно отпишување на долгот на Кипар

Од:

ММФ се обврзува со учество во план за финансиска помош на Кипар со делумно отпишување на долгот на таа држава, објави Зидојче цајтунг. Планот треба да биде прецизиран во крајот на јануари.

ММФ смета дека без тоа државата нема да биде во состојба да ги подмири каматите на долгот дури и реформите ако бидат спроведени, наведува весникот цитирајќи извор близок до преговорите меѓу Кипар и тројката кредитори (ММФ, ЕУ и ЕЦБ).

Канцеларот Ангела Меркел не сака да зборува за отпишување на долгот иако таа смета дека ММФ треба да учествува во планот за финансиска помош на Кипар.

Според очекувањата, Русија би можела да даде пет милијарди евра на ММФ кои би ги префрлиле на Кипар, бидејќи многумина Руси имаат значителни сметки во кипарски банки. Тројката во ноември наведе дека по разговори со кипарската Влада, таа држава има потреба од околу 17 милијарди евра за период од четири години.

Би можело да ве интересира

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

МФ: ММФ го објави извештајот од Мисијата за член IV и ПЛЛ – Економијата зајакнува поттикната од јавните инвестиции, инфлацијата се намалува, се остваруваат фискалните цели

ММФ: Доброто водење на монетарната политика придонесе кон намалување на инфлацијата

Горан Наумовски

ММФ: Македонската економија се опоравува, од суштинска важност намалување на емиграцијата и поттикнување на продуктивноста

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме

Мицкоски: Поради епската неспособност на Владата имаме двојно промашување од прогнозата на ММФ и за 50% повисока инфлација од државите во ЕУ