Бришењето на зборот Македонија од Статутот на „Жито Лукс“ што ги разгневи купувачите кои повикаа на бојкот на производите, од компанијата за „А1он“ велат дека се случило поради усогласување на името на фирмата во домашен и во прометот со странство. Името на фирмата, како што велат, е „Жито Лукс АД Скопје“, но во Статутот за странство останато било името „ Жито Лукс АД Скопје – Македонија“ .
„Сега се унифицира името на фирмата и во домашен и во промет со странство“, велат од „Жито Лукс“.
Од компанијата нема објаснување зошто сега се врши усогласувањето и каков е нивниот став по најавите за бојкот на производите, но велат дека како компанија, „Жито Лукс“ е во земјава изминатите 74 години, работејќи деноноќно за да обезбеди производи со највисок квалитет за потрошувачите и најавуваат дека ќе продолжат да го прават тоа.
Документ за бришењето на зборот Македонија од Статутот на „Жито Лукс“ од синоќа се споделува на социјалните мрежи, а купувачите не престануваат да повикуваат на бојкот на производите.