Цените на угостителските услуги во октомври се зголемени за 0,4 проценти во споредба со септември, а за 0,8 проценти во однос со октомври лани.
Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемување на цените на угостителските услуги во однос на септември имало кај храната за 0,5 проценти, алкохолните пијалоци за 0,3 проценти, безалкохолните пијалоци за 0,6 проценти и кај ноќевањата за 0,1 процент.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – октомври 2021 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0,4 проценти, додека во однос на декември 2020 година бележи зголемување од 0,2 проценти.