Земјоделците предупредуваат дека ќе има големи загуби ако не ги добијат навреме субвенциите

Од:

Земјоделците предвидуваат големи загуби во производството ако навреме не ги добијат субвенциите. Како што изјавија денеска по средбата со ресорниот министер Михаил Цветков, без планираната финансиска поддршка чија исплата моментно е блокирана поради актуелните политички случувања, не ќе можат да ја почнат пролетната сеидба.

– Ако и оваа недела не се најде решение за исплата на субвенциите, договоривме уште една средба во Министерството идниот понеделник. Но, доколку и тогаш не се договори ништо, ќе размислуваме за протести, рече претседателот на Сојузот на лозари „Агротиквешија“ Љупчо Аризанов.

Според министерот Цветков, интензивно се работи на изнаоѓање начин кој би овозможил исплата на субвенциите согласно законот. Во таа насока се и измените на Законот за избори што ги изготви Министерството за земјоделство и кои беа еднаш разгледувани на владина седница.

– Измените ќе бидат разледани на денешната владина седница бидејќи минатата недела седница немаше, а на првото разгледување не беше донесена одлука, нагласи Цветков.

На денешната средба со министерот присуствуваа претставници од сите земјоделски здруженија.

Законот за избори не дозволува исплаќање на субвенции за земјоделците до формирање влада. Затоа, МЗШВ изготви измени со кои се бара земјоделските субвенции да може да се исплаќаат по конституирање на Собранието. Исплатата на субвенциите додека не е формирана влада се коси и со други закони, антикорупцискиот, Кривичниот,…

Би можело да ве интересира

Намалено производството на овошје, сончоглед, домати и краставици, зголемено на оризот и пиперот

Државни субвенции во Србија: 5000 евра за електично возило, 20.000 евра за нов стан

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Не е точно дека оваа влада ќе ги укине субвенциите за струја од први јули, вели Битиќи

(ВИДЕО) Вашите деца не мрзнат, што да јаде моето дете: Викотници на вработени во ЈСП кон советниците на ВМРО-ДПМНЕ

Александар Тодески

СДСМ: Поголеми субвенции за лозарите од 40.000 на 52.000 денари по хектар