Земјоделците од Гевеглија протестираа пред седиштето на СДСМ

Од:

Земјоделците од Гевгелија денеска, со едночасовен мирен протест пред седиштето на СДСМ, изразија незадоволство и револт поради блокадата на донесувањето на буџетот за 2013 година.

Со трактори и истакнати транспаренти, тие го блокираа патот пред зградата на опозициската партија. Побараа од неа конструктивност и, како што рекоа, обзир кон народот.

– Апелираме до СДСМ и нејзините пратеници во Законодавниот дом веднаш да го деблокираат донесувањето на Буџетот. Доколку тоа не се случи, директно ќе бидат одговорни што нема да ги добиеме земјоделските субвенции, што не ќе може да се имплементира програмата за рурален развој и што ќе бидеме оневозможени прв пат да добиеме финансиска помош за набавка на земјоделска механизација преку ИПАРД програмата, истакна Васко Илков, претседател на Сојузот на земјоделците од општина Гевгелија.

Илков повика на разумност од страна на опозицијата и побара преку дебата во Собранието да се најде начин за деблокада на донесувањето на буџетот.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

Орце Костов

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници

Николовски: 2024-та ќе биде година на нови предизвици, продолжуваме со силна реформска земјоделска политика

МФ: Усвоен Буџетот за 2024 во Собранието, носи инвестиции, развој и одржливост

Пренџов: 20 години ДУИ ги поддржува сите буџети на државата, пари за автопати, мостови и граѓаните нема, ама за бизнисите на челниците на ДУИ има

Горан Наумовски