Николовски: 2024-та ќе биде година на нови предизвици, продолжуваме со силна реформска земјоделска политика

Од:

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски преку видео обраќање им ја честита Новата година на граѓаните.

Николовски во честитката истакнува дека 2023-та беше успешна и година на реформи, со многу реализирани програми и проекти. Претстојната, пак, 2024-та, како што истакнува, ќе биде година на нови предизвици и нови цели.

-Изминатата, 2023-та, беше година на силна поддршка за сите, посебно за малите производители. Ја остваривме целта, постигнавме бројка од над 2 500 регистрирани мали производители, над 170 нови мали винарии, над 450 договори за грантови од 10 000 и 5 000 евра за производство на македонска храна и пијалаци. Ова е испишување историја. Посебно ме радува довербата што ја добивме од земјоделците, вели Николовски.

Според него, изминатата беше и година на ИПАРД, на мали манифестации низ целата држава, на саеми за промоција на македонските брендови во светот, на најголема транспарентност и на позитивни оценки од Брисел.

-Најголемиот број апликации за јавните повици се од млади земјоделци и жени земјоделки. Тоа ја одбележа 2023 година, а тоа беше и нашата цел. Горд сум на сите вас зашто овој успех го постигнавме заедно. Во 2024 година продолжуваме со силна реформска земјоделска политика, продолжуваме да го унапредуваме земјоделството по европски терк, подвлекува Николовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Николовски: Над 210 милиони евра на располагање за инвестиции преку ИПАРД 3 во следните четири години

(ВИДЕО) Министерот Николовски заедно со земјоделците од Свети Николе денес ги потпишаа првите договори за продолжување на закупот на земјоделско земјиште

Николовски: Земјоделците од Кочанско рекордери во искористувањето на ИПАРД поддршката, утре ќе биде објавен новиот повик за мерката 3

Николовски од Берово: Продолжуваме со поддршката на жените земјоделки

Горан Наумовски

Николовски: Досега 838 млади земјоделци успешно ја реализирале поддршката со мерките на МЗШВ

(ВИДЕО) Николовски: Со реализирани 63,1 милиони евра за над 2.100 реализирани инвестиции успешно ја заокружуваме ИПАРД 2 програмата

Горан Наумовски