Зегин потпиша Меморандум за соработка со Фармацевтскиот факултет во Скопје

Од:

Зегин и Фармацевтскиот факултет при УКИМ во Скопје потпишаа Меморандум за соработка во насока на унапредување на едукативните, истражувачките и апликативните активности што се од заеднички интерес во научната и стручна дејност од областа на фармацијата.

Како дел од партнерската соработка е предвидена соработка со Центарот за кариера при Фармацевтскиот факултет со реализација на практикантство на студенти на Факултетот за времетраење на студиите, организирање и спроведување на апликативни проекти, разни едукативни активности, обуки, работилници, конференции и други форми на соработка, како и доделување на стипендии за студентите.

– Оваа соработка со Фармацевтскиот факултет ќе донесе многу придобивки како за студентите, така и за самата компанија Зегин, преку стекнување на нови практични знаења и подобрување на вештините на студентите, размена на идеи и приближување на иновативниот пристап на улогата која ја има фармацевтот во новите современи услови на делување – изјави Викторија Механџиска – косопственик и член на УО на Зегин групација.

ПР Текст

Би можело да ве интересира

Здравата уста е здраво тело

Зегин донираше апарат за мерење на билирубин кај новороденчиња на болницата во Охрид

Во духот на традицијата-ЗЕГИН со поддршка на големиот христијански празник Водици

Како за крај на годината, компанијата ЗЕГИН ги израдува најмалите

Компанијата Зегин со поддршка за летно другарување на големото семејство СОС Детско село

Горан Наумовски

Заврши Меѓународниот турнир во пинг-понг Зегин Опен 2023