Здравата уста е здраво тело

Од:

Секоја година на 20 Март светот се обединува за подигнување на свесноста за важноста на оралното здравје. Оралните болести ги погодуваат не само поединците, туку и здравствените системи и економии насекаде во светот. Целта на Светскиот ден на оралното здравје е да ги наоружа луѓето со знаење, алатки и доверба за добро орално здравје.

Оралните болести се главна здравствена грижа во многу земји и имаат негативно влијание врз квалитетот на живот. Оралните болести водат кон болка и непријатност, социјална изолација, намалена самодоверба и останати сериозни здравствени проблеми. Но нема потреба за грижа- најголемиот дел од оралните состојби можат да се превенираат и да се третираат во рана фаза.

Правилната орална нега е есенцијална за здрави заби и непца, а таа вклучува секојдневно четкање на забите и редовни посети на стоматолог. Само на тој начин ќе имате здрава и убава насмевка и добро орално здравје. Еве неколку совети за правилна орална нега уште од најмала возраст.

1. Започнете рано и бидете конзистентни:

За бебиња, исчистете ги непцата со мека, влажна крпа по секое хранење за да ги отстраните остатоците од храна

Откако ќе се појави првото запче започнете со четкање на запчињата со детска четка за заби и соодветна паста за заби

За деца и возрасни, четкајте ги забите најмалку два пати дневно со соодветна паста за заби. Воспоставената рутина уште од најрана возраст ја прави оралната нега навика.

2. Користете соодветна техника

За бебиња, користете нежни, кружни движења за да ги исчистите непцата и запчињата.
За деца и возрасни користете соодветни пасти за заби.
Научете ги децата правилно да ги четкаат забите за да не дојде до оштетување на непцата или глеѓта.

3. Ограничете го внесот на шеќер

Минимизирајте ги слатките задоволства и засладените пијалаци, бидејќи тие придонесуваат за развој на кариес.
Наместо засладени пијалоци, консумирајте вода
За бебиња, избегнувајте да заспиваат со шише кое содржи било што освен вода

4. Редовно посетувајте стоматолог

Посетата на стоматолог треба да биде редовна и тоа се однесува на целото семејство

5. Применувајте здрави навики и избегнувајте ги лошите

Применувајте здрави навики како консумирање на вода, балансирана и здрава храна богата со свежо овошје и зеленчук.
Одбегнувајте навики како цицање на прст или долга употреба на цуцла, бидејќи тие можат да влиајат врз развојот на оралното здравје.

Внимавајте на лошите навики како грицкање на нокти или отворање на разни пакувања со помош на забите, бидејќи на тој начин можете да ги оштетите забите и непцата.

Секое чувство на непријатност во оралната сфера може да биде ублажено со соодветни производи како што се геловите за орална нега.

Запомнете, одржувањето на добра орална хигиена е клучот за добро здравје и благосостојба во секоја фаза од животот. Создавањето навики од најрана возраст може да помогне да се спречат стоматолошките проблеми, а со тоа да ги задржите здравите и блескави насмевки што е можно подолго.

ПР текст

 

 

Би можело да ве интересира

Зегин донираше апарат за мерење на билирубин кај новороденчиња на болницата во Охрид

Во духот на традицијата-ЗЕГИН со поддршка на големиот христијански празник Водици

Како за крај на годината, компанијата ЗЕГИН ги израдува најмалите

Компанијата Зегин со поддршка за летно другарување на големото семејство СОС Детско село

Горан Наумовски

Заврши Меѓународниот турнир во пинг-понг Зегин Опен 2023

Викендов ќе се одржи меѓународен турнир во пинг-понг „Зегин опен 2023“