Компанијата Зегин со поддршка за летно другарување на големото семејство СОС Детско село

Од:

Вистинските пријателства се цврсти и искрени, полни со љубов, разбирање и хуманост. Долгогодишното пријателство помеѓу Фондацијата Др.Верица Механџиска, Компанијата Зегин и С.О.С Детско село придонесе оваа година штитениците од С.О.С Детско село да уживаат во летниот камп во Охрид и во безгрижните денови исполнети со многу игри, песни и радост.

Пред самиот почеток на новата учебна година помалите и поголеми членови од ова убаво и големо семејство се вратија од десетдневната релаксација и уживање покрај вода, подготвени за нов и свеж почеток на новата успешна училишна година.

“Хуманоста како гранка која е карактеристична за Зегин уште од самите почетоци продолжува да расте и да се развива преку нашата Фондација. Соработката со С.О.С Детско Село ќе продолжи и понатаму и се надеваме дека заедно ќе изреализираме уште многу успешни проекти,зашто секое дете заслужува среќа”, ни изјавија сопственичките на Компанијата Зегин и Фондацијата Др. Верица Механџиска, Викторија и Христина Механџиски.

ПР Текст

Би можело да ве интересира

Компанијата ЗЕГИН е дел од најуспешните во македонскиот деловен свет

Компанијата „ЗЕГИН“ го отвори својот тренин Центар за обука на вработените

Успешно заврши Меѓународниот турнир во пинг понг ЗЕГИН Опен 2024

Меѓународниот турнир во пинг понг „Зегин Опен 2024“ викендов по трет пат ќе се одржи во Берово

„Зегин“ со поддршка за Регионалната конференција за млади излекувани од канцер

Совети за здраво и долго лето