Зегин донираше апарат за мерење на билирубин кај новороденчиња на болницата во Охрид

Од:

Денес во Општата болница – Охрид, на одделението за Гинекологија и Неонатологија, компанијата Зегин донираше апарат за мерење на билирубин кај новороденчињата.

Апаратот овозможува точен и брз резултат кој го заштитува новороденчето од традиционалниот начин за проверување на крв.

Донацијата ја прими директорот на болницата, д-р Асен Шајн кој од свое име и од името на целиот персонал на одделот се заблагодари за донацијата и ја поздрави општествено одговорната иницијатива на компанијата Зегин, нагласувајќи ја важноста на овој апарат, не само за овој оддел, туку и за целата болница во која доаѓаат пациенти од целиот регион, а со чија помош многу ќе се олесни работата на персоналот и ќе се добиваат многу побрзи резултати во интерес на здравјето на пациентите.

Од компанијата Зегин изјавија дека оваа донација е еден почеток со кој би се најавиле и идни соработки со болницата, а Зегин како етаблирана општествено одговорна компанија и понатаму ќе продолжи да излегува во пресрет онаму каде што е потребно.

ПР текст

Би можело да ве интересира

Компанијата ЗЕГИН е дел од најуспешните во македонскиот деловен свет

Компанијата „ЗЕГИН“ го отвори својот тренин Центар за обука на вработените

Успешно заврши Меѓународниот турнир во пинг понг ЗЕГИН Опен 2024

Меѓународниот турнир во пинг понг „Зегин Опен 2024“ викендов по трет пат ќе се одржи во Берово

„Зегин“ со поддршка за Регионалната конференција за млади излекувани од канцер

Совети за здраво и долго лето