Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска организираа одмор во Струга за деца кои го победија канцерот

Од:

Компанијата Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска, во организација на Сано, национално здружение кое им помага на децата заболени од рак и на нивните родители и постои за да овозможи достоинствени услови на најранливите во борбата со оваа подмолна болест, ова лето ги израдува оние на кои им е најпотребен одмор, релаксација и уживање – малите храбри борци кои успеаја да издвојуваат една тешка битка во животот – да го победат канцерот.

Зегин како долгогодишен пријател и поддржувач на Здружението го овозможи овој одмор на брегот на Охридското езеро, кој освен релаксација, на своите штитеници и нивните мајки им овозможи и доста едукативни работилници поврзани со животот, социјализацијата, имунитетот и суплементација на пациентите кои се во ремисија.

“Општествената одговорност е она по што компанијата Зегин заедно со Фондацијата д-р Верица Механџиска се препознатливи и оваа хумана мисија планираме да ја продолжиме и понатаму и да даваме поддршка секогаш и секаде каде што е потребно”, изјавија Викторија и Христина Механџиски, сопственички на Компанијата Зегин и Фондација д-р Верица Механџиска.

ПР текст

Би можело да ве интересира

Здравата уста е здраво тело

Зегин донираше апарат за мерење на билирубин кај новороденчиња на болницата во Охрид

Во духот на традицијата-ЗЕГИН со поддршка на големиот христијански празник Водици

Како за крај на годината, компанијата ЗЕГИН ги израдува најмалите

Компанијата Зегин со поддршка за летно другарување на големото семејство СОС Детско село

Горан Наумовски

Заврши Меѓународниот турнир во пинг-понг Зегин Опен 2023