Законите добри, да се контролира спроведувањето за поголема безбедност и здравје при работа

Од:

Законската регулатива во однос на безбедноста и здравјето при работа е релативно солидна. Недостига нејзина целосна имплементација и позасилен надзор како се спроведува со цел на работниците да им се овозможи безбедна средина за работа. Државата за таа цел ги зајакнува капацитетите на Државниот инспекторат за труд. Тој минатата година направил 12.665 надзори од кои 7.000 редовни, а останатите по пријава. Во истиот период констатирани се повреди кај 1.790 работници, а 23 починале на работно место. Сектори со нависок ризик се градежништво, рударсто земјоделство, и преработувачката индустрија, каде има најмногу повреди и смртни случаи.

-Безбедноста и здравјето при работа е многу важна за самиот работник, но и затоа што тоа дава основа тој да биде продуктивен, да даде максимум во економијата, а со тоа и во државата. Ние имаме законска регулатива што е релативно солидна. Многу е важно што Државниот инспекторат за труд годината работеше поинтензивно на контролата во оваа сфера, рече министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Трендот на број на повреди, рече таа, е постојан, не е новина, но ние како Влада која сака да овозможи што поголема безбедност и здравје при работа, го задолживме Инспекторатот да прави надзор во компаниите како се имплементираат мерките за безбедност и задравје. Од МТСП, очекуваат наскоро тој да излезе со извештај во кој дел се најголемите неправилности и преку социјален дијалог да се работи на нивно остранување.

Царовска посочува дека прокрај пропустите кај работодавачите, се заблежува и негрижа или недоволна свесност кај работниците да ја користат соодветната опрема што им ја обезбедиле работодавачите. Затоа, потенцира, потребно е и да се работи на подигнување на јавната свест.

Јованка Бислимовска од Националниот совет за безбедност и здравје при работа вели дека е потребно воочување и идентификација на проблемите и мултидисциплинарно да се одговори преку социјален дијалог, политика, но и активно делување на сите вклучени инстанци како работодавачите, работниците, синдикатите, организациите и асоцијациите на стручни лица здруженија, специјалисти по медицина на труд…

Безбедноста и здравјето при работа, рече таа, ги опфаќа и новите технологии, глобализацијата, миграција кои можат да влијаат врз нив, демографските промени,големиот број возрасни лица поради процесот на стареење, климатските промени, аерозагадувањето, штетните супстанци, појава на незаразни болести, кардиоваскуларни болести… Проблем се и несигурната работа со голем број часови, екцесивно работно време, смените, ноќната работа, како и неформално работење и сивата економија.

Милан Живковиќ, претствник за трудова и социјална политика од Фондацијата „Friedrich Ebert Stiftung“ се согласува дека земјава има добра законска регулатива, но она што според него недостига е целосната имплементација на овие закони и на правилниците што произлегуваат од нив. За тоа, рече, е потребно е зајакнување на капацитетите и активностите на Државниот инспекторат за труд кој треба да го врши надзорот на имплементацијата .

МТСП, Националниот совет за безбедност и здравје при работа со поддршка на Канцеларијата на „Friedrich Ebert Stiftung“ – Скопје денеска организираа настан за одбележување на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, на кој беа доделени награди и призинанија на компании за заштита и здравје при работа.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Голем интерес за сезонска работа: Рекорден број на агенции за вработување странци во Хрватска

А1он

На граѓаните не им се работи во „Бехтел и Енка“: Стигнале само 360 апликации за 2.000 работни места

A1on

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите