Заев во Струга: Денеска е пуштен најголемиот ИПАРД проект во истoријата во Струга – За прв пат не враќаме пари туку ќе бараме повеќе од ЕУ

Од:

Денеска во Струга свечено беше пуштена во употреба фабриката „Подгорка“, за производство, обработка, расекување и пакување на месо по најсовремени стандарди.
Фабриката доби највисока финансиска поддршка од Мерката 3 – Инвестиции во преработка и маркетинг на земјоделските производи од ИПАРД 2 програмата, односно 2,2 милиони евра.

Сопственикот на компанијата Мевмед Џемајлоски, информираше дека компанијата во моментов вработува околу 50 лица од струшкиот регион, а со проширување на капацитетите на фабриката, планирани во 2020 и 2021 ќе се отворат места за уште 100 нови вработувања, со што како што подвлече, ќе се оствари дополнително раздвижување на локалната економија, преку користење на домашни добавувачи во процесот на производството.

Директорот на платежната агенција Николче Бабовски рече дека преку повици од ИПАРД 2 програмата, се склучени 1.355 договори по сите мерки, со вкупна вредност од 31.5 милиони евра.

До овој момент, Република Северна Македонија, искористи 39,5 проценти од вкупно расположливите средства од ИПАРД 2. До денеска, 814 договори се авторизирани и на сметките на апликантите се враќаат 12,4 милиони евра за целосно реализирани инвестиции.

Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Трајан Димковски додаде дека се работи за објект чија изградба и опрема се целосно во согласност со националните и ЕУ Стандардите за безбедност на храна и квалитет на производите. Компанијата започнала со 30 вработени, отворени се уште 25 работни места, а бројот на нови работни места се очекува да расте. Министерот Димковски подвлече дека ова е уште еден доказ дека земјава има институционален капацитет и знаење за реализација на големи проекти како оваа најмодерна капитална инвестиција во Струга, која што успеа со квалитетен проект да добие европски средства од ИПАРД II програмата. Инвестициите во преработувачки капацитети се важни не само за модернизирање на земјоделството туку и за развојот на вкупната економија како и за зголемување на извозот на домашни производи.

Премиерот Зоран Заев истакна дека ваквите решителни инвестициски чекори на една домашна компанија, којашто успеа со квалитетен проект да добие средства од ИПАРД програмaта, се охрабрувачка и мотивирачка успешна приказна. Вреден пример што заслужува да се следи и да се учи од нејзините искуства за да поттикне и охрабри и други бизнис иницијативи.

Претседателот на Владата во своето обраќање рече дека денес се пушта најголемиот ИПАРД проект во историјата на Струга и за прв пат не враќаме пари туку бараме повеќе од ЕУ.

„Овој период големи усилби вложуваме во унапредувањето на регионалната соработка. Создаваме услови кои ќе овозможат 24 часовно работење на границите со царински контроли во една точка и за меѓусебно признавање на фитосанитарните контроли на производите што се движат низ регионот. На тој начин се обезбедува брз и безбеден транспорт на производите од регионот за да стигнат до пазарите во оптимално време за што во голема мерка ќе помогнат и брзите ленти за камионите“, истакна премиерот Заев.

На денешното отворање на фабриката „Подгорка“ присуствуваа и претставници од Европската Унија, кои ја посочија Северна Македонија како лидер во искористување на ИПАРД фондовите во регионот.

Би можело да ве интересира

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница

Студентите и вработените на ФИНКИ на протест пред Владата