(ВИДЕО) Заев: Соработка во регионот за напредок кон ЕУ и НАТО

Од:

Целиот регион мора да оди напред, кон ЕУ и НАТО, но само ако ја унапреди соработката може да ги оствари овие стратегиски цели, рече премиерот Зоран Заев на регионалната „Економска конференција на Црна Гора 2017 – предизвици на патот кон ЕУ“ што се одржува во Будва.

На крајот, напомена Заев, се се сведува на економија, дури и нашето членство во ЕУ и НАТО. Важна е успешната соработка меѓу државите, бидејќи само заедно, како поголем економски пазар, можат да бидат поатрактивни за меѓународната економска и бизнис заедница.

– Мора заедно да ја испраќаме пораката во нашите држави дека многу работи зависат од нас. Преку размена на искуствата, мобилност, квалификувана работна сила, политичка клима на соработка, соработка на коморите, искоренување на корупцијата, праќаме силен сигнал дека овој регион може да биде атрактивно место за инвестирање, потенцира премиерот.

Сите сакаме, рече, да бидеме членки на ЕУ и на НАТО, пред се поради квалитетот на живот на нашите граѓани. Да работиме заедно кон оваа цел, апелира Заев.

На економската конференција во Будва е констатирано дека раководствата на земјите од регионот се среќаваат седми пат за неколку месеци, што не се случило никогаш досега. Исто така, оценка е дека Берлинскиот процес ги дава резултатите, зашто само низ инфраструктурна, комуникациска соработка, е можно да се постигне и поактивна економска соработка, важна за сите земји од регионот.

Сето ова, заклучија дискутантите, премиери и високи владини претставници на земјите од Западен Балкан, е важна порака колку регионот е зрел и свесен дека само силната и цврста соработка го носи поблиску кон стратегиските цели – ЕУ и НАТО.

Патот на земјите од Западен Балкан кон ЕУ и НАТО е заеднички, со своите соседи, согласни се учесниците на регионалната „Економска конференција на Црна Гора 2017 – предизвици на патот кон ЕУ“ што се одржува во Будва.

Би можело да ве интересира

Кои се пратениците со кои ВМРО-ДПМНЕ дојде до парламентарно мнозинство: Со ЗНАМ во Влада ќе се обезбеди и двотретинско

Орце Костов

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

Орце Костов

Џафер и Арсовска се скараа кој е надлежен да се искоси тревата во дворот на Владата

Орце Костов

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги поставивме контурите на рамката врз која ќе ја градиме коалицијата

Орце Костов

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он