Заев на меѓународна економска конференција во Црна Гора

Од:

Премиерот Зоран Заев денеска и утре ќе учествува на меѓународната економска конференција „Економска конференција на Црна Гора 2017 – Предизвици на патот кон Европската унија“, што се одржува во Будва, Црна Гора.

Тој ја предводи македонската делегација во чиј состав се и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министрите за економија и за образование и наука, Крешник Бектеши и Рената Тренеска Десковска.

Според агендата, претседателот на македонската Влада денеска ќе има обраќање на панел дискусијата на тема „Регионот после четири години од Берлинскиот процес“ и ќе има работна средба со потпретседателот на ЕБРД, Пиер Хајрброн.

За утре е предвидено премиерот Заев да има повеќе билатерални средби.

Би можело да ве интересира

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

Орце Костов

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска