Заев: Мајкрософт е сериозен партнер на Македонија – со продлабочување на соработката придобивки ќе имаат граѓаните

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски и претседателот на Националниот совет за ИКТ во Владата на Република Македонија, Владимир Цветковиќ, денеска остварија средба со генералната менаџерка на Мајкрософт за 24 земји од Централна и Источна Европа, Анке ден Ауден.

На средбата беше заклучено дека соработката со оваа врвна и светски позната ИТ компанија ќе се продлабочува и во таа насока Мајкрософт претставува сериозен партнер на Република Македонија, особено во процесите на дигитална трансформација и обезбедување на сајбер безбедност. Беше разговарано да се работи на заедничка платформа којашто ќе опфаќа соработка на повеќе полиња, а целта што треба да се постигне е граѓаните да почувствуваат директни придобивки од дигитализацијата на одредени процеси и услуги.

„Со нашето зачленување во НАТО се зголемува потребата, но и наша обврска е да работиме на зголемување на безбедноста и сигурноста на сајбер просторот. Во тој процес исклучително важна е помошта што Мајкрософт како водечка ИТ компанија во светски рамки може да и ја пружи на Република Македонија“ порача премиерот Заев.

Премиерот Заев ги информираше генералната менаџерка и претставниците на компанијата Мајкрософт дека оваа година е планирано намалување на данокот од добивка за информатиката и информациони технологии од 10% на 3% и оцени дека оваа мерка заедно со нашето членство во НАТО ќе претставува доволен поттик за компании од ИТ секторот да ја препознаат Република Македонија како стабилна земја и долгорочна бизнис дестинација и да реализираат нови инвестиции во Република Македонија.

Во таа насока премиерот Заев информираше и за финансиската поддршка предвидена преку Планот за економски раст за компаниите и за развој на нови иновативните проекти на младите луѓе. Целта е да се поттикне креативноста на младите луѓе да создаваат, да ги препознаат новите перспективи што се отвораат со членството на земјата во НАТО и да почувствуваат сигурност од државата и мотив да останат, живеат и работат во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница