ОН: Забрзан економски раст во светот

Од:

Обединетите нации соопштија дека глобалниот економски раст годинава забрзал на околу 3 отсто, што е највисока стапка од 2011 година.

Напредокот бил остварен главно поради забрзаниот развој на сите големи економии, како и поради тоа што Источна и Јужна Азија се уште се економски најдинамични региони, се наведува во извештајот „Светската економска ситуација и перспективите за 2018 година“.

– Кинеската економија е речиси една третина од овогодишниот глобален раст, пишува во извештајот на ОН.

Економскиот раст во 2016 година беше 2,4 отсто, а во 2017 растот е забрзан за речиси две третини во земјите во светот. Сепак се предвидува дека тоа може да нанесе штета врз животната средина.

Владите на земјите треба да се фокусираат на долгорочни прашања, се истакнува во извештајот, меѓу кои се борбата против климатските промени и се поголемата нееднаквост помеѓу најбогатите и сиромашните.

Глобалната економија се очекува да има континуиран раст од три отсто и во 2018 и 2019 година, а во извештајот е посочено подобрување на ситуациите во Аргентина, Бразил, Нигерија и Русија, бидејќи излегле од рецесија.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство