За работа во Брисел конкурирале четири илјади Хрвати

Од:

Повеќе од четири илјади Хрвати се јавија на конкурсот за околу илјада работни места во институциите на Европската унија, а во натамошната процедура повикани се нешто повеќе од 300, пишува „Јутарњи лист“.

Од повиканите кандидати околу 140 ќе бидат ставени на т.н. резервна листа, од која по потреба институциите на ЕУ ќе ги повикаат на разговор и ќе им понудат работа.

Конкурсот ги опфати најниските почетни позиции за лицата со факултет, а во тек е процедура за избор на преведувачи, правни лингвисти и околу сто лица за работа како асистенти.

Сите конкурси се наменети за Хрватите или други државјани на ЕУ, на кои хрватскиот им е прв јазик, а освен тоа Унијата секоја година распишува и конкурси, кои се отворени за сите државјани на ЕУ.

Европската комисија најави дека ќе вработи вкупно 249 Хрвати, а кога ќе се одбијат преведувачите, конференциските преведувачи, лекторите и правните лингвисти, бројот на оние кои ќе добијат работа, која не е поврзана со јазикот, ќе биде доста помал, додава весникот.

Би можело да ве интересира

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

20-метарска елка падна врз луѓе во Белгија, умре жена

Катерина Ѓуровски