Во наредните недели ќе започне процесот за прераспеделба на вработените по Рамковен договор кои беа распоредени на работни места, а седеа дома, најави денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.
– До крајот на овој месец доста ќе одминеме од оваа фаза. Правиме некакви пилотирања на распределбата што отприлика ќе ни ја даде сликата како ова би се одвивало во иднина. Јас сум апсолутно оптимист и мислам дека позитивно ќе го решиме проблемот, изјави министерот Манчевски.
Тој додаде дека е направена анализа за овие луѓе и кои се нивните професионални искуства и образование. Во предвид ќе се земат и потребите на институциите.