Вработените од Фени ја земаа заостанатата плата, бугарски „Енекод“ не се откажал

Од:

Вработените во „Фени Индустри“ од Кавадарци ја добија заостанатата плата и се надеваат дека од понеделник ќе почнат со работа.

Претседателот на Синдикатот Ѓоре Палитов за МИА изјави дека заостанатата плата им е исплатена на вработените и оти новиот сопственик „Енекод“ од Бугарија не се откажува од Фени Индустри.

– Денеска се прават финалните преговори. Вчера во директни преговори ни беше потврдено дека денеска ќе земеме плата и тоа и се случи. Имаме официјален меил дека тие не се откажуваат од Фени и дека ги демантираат изјавите во медиумите оти се откажале, вели Палитов.

Вработените, вели Палитов, се надеваат дека од понеделник ќе стартуваат со работа.

Новиот сопственик најави дека сите вработени, околу илјада, ќе останат на работа.

Би можело да ве интересира

Турски ,,Јилдирим” го купи поранешно ,,Фени” од Кавадарци, работниците сукцесивно треба да се враќаат на работа

Предраг Петровиќ

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

Орце Костов

Комерцијална банка го презеде поранешен Фени за 37,9 милиони евра

Орце Костов

Кавадаречките политичари ги поддржаа работниците: Нема да се дозволи да се изгасне печката во Фени

А1он

Ако се исклучи печката, Фени нема да работи една година: Висат 800 работни места

Орце Костов

Исклучени печките во „Фени“, вработените една седмица на работа, три дома со 70 % плата

Маја Илиевска-Пачемска