Вондредна седница на кипарскиот Парламент за финансиската помош

Од:

На вондредна седница денеска кипарскиот Парламент ќе одлучува дали штедачите ќе плаќаат данок на депозитите на своите сметки, како што е предвидено со пакет помошта на еврозоната и на Меѓунаордниот монетарен фонд.

Министрите го довршуваат предлог-договорот за ратификација на оваа одлука, која треба да стапи во сила во вторник. На Кипар утре е неработен ден „Чист понеделник“, што традиционално карневалски се слави ширум земјата.

Претседателот на Кипар, Никос Анастасиадес им порача на сонародниците дека немало алтернатива и дека одбивањето на помошта би значело колапс на двете најголеми банки на островот. Двете банки вкупно имаат загуби од 4,5 милијарди евра, што е приближно една четвртина од националниот бруто домашен производ.

Министрите за финансии на земјите-членки на еврозоната и ММФ во петокот одобрија десет милијарди евра помош за Кипар, со цел земајата да избегне банкрот. Договорот предвидува граѓаните еднократно да платат данок од 9,9 проценти на банкарските депозити, а ќе биде воведен и приход од камати врз основа на банкарскиот депозит.

Оданочувањето на банкарските сметки е преседан, но еврозоната се согласи на тоа бидејќи 37 проценти од вкупната сума пари во кипарските банки се странски капитал. Се претпоставува дека на тој начин ќе бидат собрани околу шест милиајрди евра.

Граѓаните на Кипар по веста за воведувањето на даноците побрзаа да ги извадат парите предизвикаа колапс на банкоматите. Комерцијалните банки, кои работаат во сабота, вчера ги затворија експозитурите.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар