Владата во вторник планира да собере нови 138 милиони евра преку задолжување на домашен терен, пренесува порталот ФАКТОР.
Станува збор за четири поединечни акукции на државни записи. Ако се следи календарот за динамиката на задолжување и раздолжување на Владата, следната недела нема записи што доспеваат за исплата, со тоа овие нови 138 милиони евра би завршиле директно во касата на Буџетот. Вчера владата преку вонредна аукција на записи во буџетот собра 100,7 милиони евра. Информацијата за оваа петочна аукција на записи беше причина за долнителен набој на тензија во Собранието на Република Македонија, пишува порталот ФАКТОР.