Денеска истече рокот до кој млекарите од Велешко можеа да поднесат барање во Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Велес, за субвенции за предаденото млеко во последните три месеци од минатата година.
Од Подрачната единица на министерството во Велес, како што информира Вили Бочваров, за добивање субвенции за млеко во предвидениот рок се пријавиле околу 200 сточари односно производители на млеко од поширокиот велешки регион, а во кој се вклучени млекарите од општините Велес, Градско и Чашка, каде што имаат регистрирано земјоделското стопанство или фарми.
– Финансиската поддршка за литар кравјо, овчо и козјо млеко изнесува по 3,5 денари, а услов е да било однесено во лиценцирана млекарници, информира Бочваров.