Во Србија пред банкрот 150 илјади граѓани

Од:

Секој десетти клиент на банките во Србија денес има проблеми со исплатата на кредитот, а големи се долговите на граѓаните и за данок, струја, комуналии, пишува весникот „Блиц“.

Според проценките, додава весникот, околу 150 илјади граѓаните во Србија се кандидати за прогласување на личен банкрот.

Прогласувањето на личен банкрот или како што тоа во некои земји се нарекува личен стечај, ширум Европа денес ги спасува граѓаните од финансиска пропаст.

Долговите на лицето, кое ќе прогласи банкрот, по извесно време му се репрограмираат, а во меѓувреме за неговите примања и имот се грижи стечаен управник, кој има обврски да ги подмири долговите и приватниот буџет на клиентот да го стави на стабилни основи.

– Постои погрешно мислење дека по прогласувањето на личен банкрот долговите исчезнуваат, предупредуваат економистите.

Тие остануваат, но се пронаоѓаат начини да се подмират во согласност со финансиските можности.

Некои функции од личниот стечај, во Србија се применуваа со Законот за извршување и обезбедување, кој точно пропишува што не може да биде предмет на принудна наплата од должниците.

На граѓаните на пример не може да им се одземат облеката, обувките и други предмети за лична употреба, храна и огрев за домаќинството за три месеци. Не можат да се одземат ниту медаљи, лични писма, семејни фотографии, ниту домашните миленичиња.

Кога се во прашање недвижнините предмет на извршување не може да биде ниту земјоделско земјиште, доколку должникот се занимава со земјоделство, но само до 10 ари.

Народната банка на Србија нагласува дека индивидуалниот стечај претставува правна постапка, која на граѓаните, кои не можат да ги платат заостанатите долгови им овозможува по одредено време од најмалку една година да бидат ослободени од поголемиот дел од нив.

Би можело да ве интересира

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада