Во Србија ќе се гради фабрика за авионски делови

Од:

Српскиот заменик-премиер Александар Вучиќ вчера потпиша неколку меморандуми за разбирање со шеик Халдун Калиф ел Мубарак, генералниот директор на фирмата „Мубадале“ од Обединети Арапски Емирати (ОАЕ).

– Ако соработката со ОАЕ до крај ги реализира плановите за изградба на фабрика за чипови и за делови за авиони, Србија ќе стане мало балканско чудо, посочи Вучиќ.

Ел Мубарак наведе дека со Србија со потпишувањето на четирите меморандуми направен е чекор за инвестирање во Србија и најави дека ќе се потпишат уште неколку договори.

– Се зависи од ангажманот, посветеноста и знаењето на луѓето во Србија… За две години може да стане реалност авионите кои летаат по цел свет да имаат делови произведени во Србија, посочи Вучиќ.

Ел Мубарал е еден од најблиските соработници на претстолонаследникот на ОАЕ, АбуДаби Мухамед бин Зајед ал Нахјан. Тој е член на управата на Првата заливска банка, на „Алдар недвижности“ и на „Ферари“. Ел Мубарак е и претседател на фудбалскиот клуб Манчестер од 2008 година.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија