Во Скопјe зголемен интересот за бесплатно приклучување на парно греење

Од:

Кај скопјани има се поголем интерес за бесплатно приклучување кон системот за централно греење како кај домаќинствата, така и кај правните лица, информираат од Балкан енерџи груп (БЕГ).

– Од почетокот на акцијата, во август годинава пристигнати се вкупно 270 барања за приклучок. Споредено со истиот период од минатата година, интересот за приклучување кон системот за централно греење е зголемен за над 50 проценти, велат од БЕГ.

Според нив, тоа се должи на повеќегодишното подобрување на квалитетот на услугата и намалувањето на цената, која во периодот од 2013-та до 2018 година вкупно се намали од 33 до 66 отсто, во зависност од категоријата на потрошувачи.

– Потрошувачите имаат и дополнителна поддршка преку услугата „Мој Сервис“. Стручните екипи на „Мој Сервис“ досега направиле преку 4.000 интервенции. Најчести интервенции се приклучувања кон системот за централно греење, замена на грејни тела, интервенција на вертикалната инсталација во зградите, во ормарче, прочистување и увид во внатрешната инсталација, нагласуваат од БЕГ.

Акцијата за бесплатен приклучок трае до 15 септември годинава, а од 16-ти до 30 септември корисниците ќе плаќаат 50 отсто од предвидените трошоци за оваа услуга. По 1 октомври приклучувањето ќе се наплаќа во целост, согласно важечкиот ценовник.

Би можело да ве интересира

Лажен полицаец и дипломат измамија две жени од Скопје, од жртвите земаа милион денари

Горан Наумовски

24-годишен маж крвнички ги истепал децата на партнерката, едно дете е во животна опасност

Посебен режим на сообраќај во Скопје

Нова измама во Скопје, лажен полицаец зел над 5.000 евра

Скопјанец ја истепал сопругата и нивната ќерка, па оштетил дел од покуќнината

Снег во Скопје, врне и во останатите делови од државава