Во „Шпилје“ за девет месеци произведени 247 милиони киловат-часови елекрична енергија

Од:

Во хидроелектричната централа „Шпилје“ кај Дебар, во приодот јануари-септемри годинава произвдени се 247 милиони киловат-часови елетрична енергија, што претставува остварување на годишниот план за над 82 отсто.

– Споредено со ланското производство истиот период тоа е поголемо за 107 милиони киловат часови. Вака оствареното производство, но и поволната хидрологија на дебарското сливно подрачје кое ги опфаќа реките Радика и Црн Дрим, даваат гарнција за остварување на планираните 300 милиони киловат-часови пред истекот на годината а тоа значи  и реализација на поголемо производство од планираното, велат од ЕЛЕМ.

Според компанијата, во акумулацијата „Дебарско Езеро“ моментно има резерва на вода за производство на околу 20 милиони квч, односно 50 отсто исполнетост. Последните обилни дождови го зголемија дотекот на вода и изнесува околу 50 метри кубни вода во секунда.

ХЕЦ „Шпилје“ која работи според потребите на енергетскиот систем, во последните пет години во просек произведувала по над 250 милиони киловат-часови елекрична енергија. Историски рекордно производство е забележано пред пет години кога беа произведени околу 500 милиони квч.

„Шпилје“ заедно со ХЕЦ „Глобочица“ го сочинуваат црнодримскиот слив, а во периодот јануари-септември годинава произвеле над 423 милиони киловат-часови електирчна енергија.

Би можело да ве интересира

Отворени понудите за универзален снабдувач на електрична енергија за потрошувачите на регулираниот пазар

Горан Наумовски

Ќе се гради хидроцентралата Чебрен за една милијарда евра: Владата донесе одлука која се чекаше 30 години

Орце Костов

РЕС ја зацврстува лидерската позиција во снабдувањето со електрична енергија на приватниот сектор

РЕС одбележува една гостина постоење – компанијата донесе најповолно снабдување со електрична енергија во енергетската криза

(ВИДЕО) Објавено е огромно откритие за нуклеарната фузијата, потенцијален извор за бесконечна енергија

Катерина Ѓуровски

Мерки за намалување на потрошувачката на енергија во јавниот сектор во Грција

А1он