Во прекин е железничкиот сообраќај помеѓу Прилеп и Битола

Од:

Регионалниот Центар за управување со кризи од Битола извести дека при пожарот во атарот селото Беранци, во Општина Могила, каде што гореле нискостеблеста вегетација и стрништа, пругата била оштетена на повеќе места.

Информацијата е добиена од ТППЕ-Битола и веднаш дежурните од ЦУК ги информирале СВР-Битола и надлежните од „Железници на Република Северна Македонија транспорт АД – Скопје“.

По брзата проверка на железничката пруга, од вчера попладне од 17.42 часот железничкиот сообраќај е во прекин на делницата помеѓу Битола и Прилеп, а патничкиот воз 643 е на станицата во Прилеп и не сообраќа.

ЦУК примил известување „ЖРС Македонија транспорт АД – Скопје“ дека другиот железнички (патнички и товарен) сообраќај се одвива нормално.

Би можело да ве интересира

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Димитриеска-Кочоска: Парите за пругата кон Бугарија не може да се пренаменат

Франција: Сите возови од утрово сообраќаат нормално

Стотици возови беа откажани додека се играше финалето на Европското првенство меѓу Англија и Шпанија

Горан Наумовски

Оценка 2.91 за патувањето со воз, пругите „чекаат“ приватни оператори и ремонти

А1он

Објавен тендерот за третата фаза од пругата кон Бугарија

Горан Наумовски