Бочварски: Наскоро средба меѓу работните групи на Србија и Македонија за изградба на брзата пруга

Од:

Формирани се работните групи меѓу Србија и Република Северна Македонија за изградба на брзата железница меѓу двете земји, а веќе и наскоро ќе имаат и првата работна средба, најави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кој по увидот на градежните работи на брана на река Отиња во Штип одговараше и на новинарски прашања.

– Имајќи предвид дека во текот на изминатиот викенд беа организирани парламентарни избори во Србија коишто ја забавија динамиката на средби и комуникација помеѓу двете страни. Но, она коешто можам да го истакнам е дека заеднички ќе настапуваме и пред меѓународните финансиски институции, заеднички ќе настапуваме и во координација за поврзување на овој многу значаен проект од Коридорот 10 за брзата пруга, а од наша страна дополнително работиме и на заедничкиот железнички граничен премин помеѓу Северна Македонија и Србија, а тоа е граничниот премин Табановце којшто ќе биде од македонска страна, а ќе биде заеднички за двете држави со обезбедени финансиски средства, вели Бочварски.

Тој посочи дека плановите се одвиваат брзо и сите оние процедури и процеси коишто ќе течат во идниот период ќе бидат од интерес на двете држави и на граѓаните. Прашан дали се работи на проектирање на проектот брза пруга, меѓу Србија и Северна Македонија, Бочварски одговори дека Србија има поголема делница за работа отколку нашата држава.

-Тие имаат за работа најпрвин делницата од Белград до Ниш, а потоа од Ниш до Прешево и втората делница секако дека сè уште е во фаза на разгледување и таа ќе биде работена заеднички со нашата страна, така што тие имаат своја обврска најпрвин да ја реализираат пругата од Белград до Ниш. Ние нашиот дел од 50 километри е од Скопје до границата Табановце и поврзување со аеродромот Скопје, изјави Бочварски.

Тој истакна дека сите планови и анализи се направени, а како што рече веќе ќе започнеме со работа на студијата за таа железничка пруга, на проектирање на основниот проект во сите процедури коишто престојат за да биде реализирана согласно план, процедура, проектирање и да реализацијата на таа пруга тече со добра динамика, без притоа да ни се јавуваат проблеми.

Би можело да ве интересира

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Бочварски: Драго ми што го решивме станбеното прашање на семејството Грозданов од Кочани, ова е заедничка акција на општеството

Бочварски – Рустеми: Коридорот 8 е стратешки проект, пратениците да го изгласаат законот за доизградба на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка

Бочварски: Со домашна и меѓународна поддршка се работи на надминување на проблемот со сајбер нападот во АД МЕПСО

Бочварски: Инвестираме милион евра во нов видео надзор на сите гранични премини за поефикасен транспорт

Горан Наумовски

Бочварски: Подденакво ги развиваме сите региони, инвестираме за подобри патишта во градовите и руралните места