Бочварски: Подденакво ги развиваме сите региони, инвестираме за подобри патишта во градовите и руралните места

Од:

Го подигнавме на повиско ниво квалитетот на патиштата, а со тоа и ја зголемуваме безбедноста на сообраќајот во општините. Тоа е дел од нашата развојна стратегија на патната мрежа во земјава за која инвестираме преку две милијарди евра. Граѓаните заслужуваат да имаат подобри и модерни патишта кои исто време ќе бидат и во функција на бизнисот, истакна денеска Бочварски кој беше во работна посета на општина Гостивар.

Министерот Бочварски заедно со претседателот на Владата, Талат Џафери, заменик министерот за транспорт и врски Реџепи и директорот на ЈП за државни патишта Рустеми, извршија увид во рехабилитација на локалниот пат од населеното место Здуње до Дебреше во општина Гостивар.

Рехабилитацијата на овој локален пат се реализира преку Министерството за транспорт и врски. Патниот правец е во должина од 1, 2 километри а инвестицијата е во висина од 18 милиони денари. Овој проект е дел од проектот за подобрување на локалните патишта во општините, вкупна инвестиција од 70 милиони евра.

Во рамките на овој проект до сега се опфатени преку 180 локални патишта и улици во преку 60 општини низ државата.

“ И ова е само потврда колку многу вложуваме во подобрување на целокупната патна мрежа во државата. Со реконструкција на овие улици и патишта во општините ги подобруваме условите за живеење на граѓаните, создавме услови за побезбеден сообраќај низ градовите и тоа што сметаме дека е исто така важно го зголемуваме локалниот економски развој на самите општини. Овој проект се покажа како исклучително добар од причина што голем дел од општините немаат доволно средства во своите буџети за вакви проекти. До средина на оваа година очекуваме да објавиме и тендери за реконструкција на уште педесетина улици во различни општини,” истакна министерот Бочварски.

Претходно, тие извршија увид и во изградба на автопатската делница Гостивар-Букојчани, дел од пактетот на автопати што се градат во рамки на Коридорот 8 и 10 д.

Министерот за транспорт и врски, Бочварски изрази задоволство од динамиката на изградба и истакна дека Владата ги одобри инфраструктурни проекти за дел од трасите со што на изведувачот му се отвори широк фронт за работа.

„Со изградбата на околу 110 километри нови автопатски делници на Коридор 8 и Коридор 10-Д, преку овој проект даваме дополнителен стимул во домашната економија и градежништвото. Имаме одличен напредок до сега. Владата веќе донесе одлуки за одобрување на инфраструктурните проекти на дел од трасите за Тетово – Гостивар – Букојчани и за Прилеп – Битола, што значи дека му отворивме голем фронт за работа на изведувачот. Изградбата на вакви крупни проекти не е лесна, на терен се појавуваат многу предизвици, но уверуваме дека сите максимално се вложуваме да ги постигнеме зацртаните цели на државата, а тоа е развојна, модерна и квалитетна патна мрежа,“ изјави министерот Бочварски.

Според изведувачот на проектот, до сега се склучени повеќе од 360 договори со компании подизведувачи, а над 75 проценти од тие фирми се од Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

A1on

Бочварски: Драго ми што го решивме станбеното прашање на семејството Грозданов од Кочани, ова е заедничка акција на општеството

Бочварски – Рустеми: Коридорот 8 е стратешки проект, пратениците да го изгласаат законот за доизградба на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка

Бочварски: Со домашна и меѓународна поддршка се работи на надминување на проблемот со сајбер нападот во АД МЕПСО

Бочварски: Инвестираме милион евра во нов видео надзор на сите гранични премини за поефикасен транспорт

Горан Наумовски

Бочварски: 120 возачи се на брзата лента за издавање пасоши

Горан Наумовски