Во понеделник „Тројката“ ќе го посети Кипар

Од:

„Тројката“ меѓународни кредитори од Европската унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд в понеделник ќе пристигнат на Кипар, каде ќе учествуваат во преговорите за отпуштање на финансиска помош за островот, пишува кипарскиот грчки весник „Филелефтерос“.

Кипарскиот министер за финансии Васос Сиарлис изјави дека преговорите со „тројката“ нема да траат долго, со оглед на тоа дека идејата е меморандумот, кој ќе биде постигнат на нив да биде претставен на седницата на Еврогрупата на 12-ти ноември.

Кипар, една од најмалите економии во еврозоната, го следеше примерот на Грција, Ирска, Португалија и Шпанија, барајќи помош од партнерите од ЕУ во јуни поради изложеноста на нејзиниот финансиски систем на економската криза во Грција.

Меѓу барањата на кредиторите се намалување на платите на државните службеници, реформи во пензискиот систем и спроведување на приватизации.

Кипарската Влада нагласи дека ќе ги исполни барањата за приватизација и оти предложила намалување на платите на државните службеници од 6,5 до 12,5 проценти.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар