Во март издадени 253 одобренија за градење

Од:

Во март годинава се издадени 253 одобренија за градење што е за 9,5 проценти повеќе во однос на март лани, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 21.644.061.000 денари, што е за 683,6 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Зголемената предвидена вредност, посочува ДЗС, се должи на капиталните проекти за изградба на новите две автопатски делници, како и за рехабилитација на дел од железничката пруга.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 196 (77,5 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 30 (11,8 проценти) за објекти од нискоградба и 27 (10,7 проценти) за објекти за реконструкција. На 114 (45,1 процент) инвеститори се физички лица, а на 139 објекти (54,9 проценти) деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 592 станови, со вкупна корисна површина од 65.077 метри квадратни.

Би можело да ве интересира

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Лани поднесени обвиненија за половина од примените пријави за злоупотреба на лични податоци

Александар Тодески

Негативен природен прираст во 2022 година

А1он

Зголемен бројот на туристи

Угостителските услуги поскапи за 13,4 отсто во однос на лани

Горан Наумовски

Во февруари издадени 352 одобренија за градба

Ана Ололовска