Во јуни издадени 230 одобренија за градење

Од:

Во јуни годинава се издадени 230 одобренија за градење што е за 16,1 отсто помалку во однос на истиот месец од претходната година. Со нив е предвидена изградба на 927 станови со вкупна корисна површина од 68.433 метри квадратни.

Предвидената вредност на објектите за кои се издадени одобренија изнесува 3,806 милијарди денари што е за 13,6 отсто помалку во однос на ланскиот јуни.

Според податоците на Државниот завод за статистика, од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 158 (68,7 отсто) се наменети за објекти од високоградба, 19 или 8,3 отсто за објекти од нискоградба и 53, односно 23 отсто за објекти за реконструкција. Кај 155 објекти,односно 67,4 отсто како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 75 објекти (32,6 проценти) инвеститори се деловни субјекти.

Би можело да ве интересира

Се намалува интересот за градење, издадени една третина помалку одобренија за градба

Орце Костов

(ВИДЕО) Тепачка на Водно: инвеститор му удрил бокс на сосед оти се пожалил дека му ги искинале каблите за телевизија

Маја Илиевска-Пачемска

Бочварски вели дека со измените на Законот за градење се олеснуваат процедурите

Жарко Настоски

Министерство за финансии нетранспарентно, цел месец не кажува како е приватизиран спорниот двор на Водно

ВИДЕО: Спорниот двор на Водно е откупен со лажна изјава, ќе се преиспитува приватизацијата

Маја Илиевска-Пачемска

Во април издадени за една третина повеќе дозволи за градење од лани

Жарко Настоски