Во Брисел доближени позициите меѓу Грција и кредиторите

Од:

На средбата за кризата во Грција, што синоќа се одржа во Брисел, постигнати се први доближувања на позициите, јави дописникот на МИА од Атина.

– Дискусиите ќе продолжат во следните денови. Колку повеќе разговараме, толку повеќе се доближуваме кон решение, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас во раните утрински часови.

Пред тоа, тој ги испита можностите за постигнување компромис во спорот за долгот на Атина заедно со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер и шефот на Еврогрупата, Јерун Дејселблум.

Средбата меѓу Јункер и Ципрас траела речиси пет и пол часа, а Европската комисија ги оцени разговорите како добри и конструктивни.

Без компромис за реформи во Грција, не може да биде одблокирана финансиската помош за земјата во износ од 7,2 милијарди евра.

Ципрас изјави дека кредиторите побарале да бидат укинати додатоците на пензиите и да биде зголемен ДДВ на енергијата.

– Се разбира, ние го отфрливме тоа, рече тој.

Според него, Комисијата сепак демонстрирала конструктивен однос за постигнување согласност.

– Позитивно од денешната средба е што нашите партнери во преговорите, барем Комисијата, имаат намера многу наскоро да постигнеме реален договор, истакна Ципрас.

Утре истекува рокот во кој Атина треба да му плати рата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во износ од 305 милиони евра. Вкупниот износ што Грција треба да му го плати на рати на ММФ во јуни изнесува речиси 1,6 милијарди евра. Освен тоа, до крајот на месецов Атина треба да ги подмири и државните заеми во износ од малку над пет милијарди евра.

Би можело да ве интересира

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Трамп: Ќе воведеме царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија

Горан Наумовски