Во Австрија и в година зголемување на платите на политичарите

Од:

Платите на политичарите во Австрија ќе бидат зголемени од 1 јануари за 1,7 проценти, исто колку и пензиите.

Ревизорската институција објави дека врз основа на инфлацијата, платите на политичарите и пензиите ќе бидат зголемени за 1,7 отсто. Во 2013 година платите на политичарите беа зголемени за 1,8, а годинава се зголемија за 1,6 проценти.

Во периодот од 2008 до 2012 година немаше зголемување на платите на политичарите.

Лидерот на Слободарска партија на Австрија, Хајнц Кристијан Штрахе побара годинава да не се зголемуваат платите на политичарите, но владејачката Социјалдемократска партија и Народна партија одбија.

Пратениците во австрискиот Парламент од 1. јануари ќе добиваат плата во висина од 8.583 евра

Претседателот на Австрија ќе добива плата од 24.033 евра месечно, канцеларот – 21.458 евра, вицеканцеларот – 18.883 евра, претседателот на Парламентот – 18.025 евра, министрите и претседателите на покраините – 17.167 евра, а државните секретари 15.445 евра.

Би можело да ве интересира

Малолетничка од Црна Гора сакала да изврши напад во Грац

Горан Наумовски

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски