Во август издадени 140 одобренија за градење

Од:

Во август годинава се издадени 140 одобренија за градење што е за 48,5 проценти помалку во однос на август лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1.976.960.000 денари што е за 5,9 проценти помалку споредено со август минатата година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 91 (65 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 18 (12,9 објекти) за нискоградба и 31 (22,1 процент) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 140 објекти, кај 96 (68,6 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а кај 44 објекти (31,4 проценти) деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 218 станови, со вкупна корисна површина од 18.906 метри квадратни.

Би можело да ве интересира

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Лани поднесени обвиненија за половина од примените пријави за злоупотреба на лични податоци

Александар Тодески

Негативен природен прираст во 2022 година

А1он

Зголемен бројот на туристи

Угостителските услуги поскапи за 13,4 отсто во однос на лани

Горан Наумовски

Во февруари издадени 352 одобренија за градба

Ана Ололовска