Во април ќе се усогласуваат пензиите согласно трошоците на живот

Од:

Пензиите за март што пензионерите ќе ги добијат во април ќе бидат покачени за 1,69 проценти, согласно законското усогласување на пензијата што се врши според движењето на индексот на трошоците на животот. Овој процент на усогласување на пензиите ќе се исплати ретроактивно и за јануари, февруари и март годинава, исто така со мартовската пензија.

– Усогласувањето на пензиите се врши согласно член 37 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Според оваа одредба усогласувањето на пензијата се врши согласно движењето на индексот на трошоците на животот во висина од 50 проценти и порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во Република Македонија во висина од 50 проценти, велат за МИА од Министерството за труд и социјална политика.

Пензијата се усогласува од 1 јануари и од 1 јули секоја година според процентот кој се добива како збир на порастот на индексот на трошоците на живот во претходното полугодие и процентот на порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во Македонија во предходното полугодие, во однос на полугодието кое му претходи.

Минатата година пензиите се усогласиле согласно законската одредба одредба два пати годишно и вкупното усогласување изнесуваше 1,58%.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

Велковски: Со пензија под минималната и потрошувачка кошничка од 57.000 денари пензионерите едвај преживуваат

Горан Наумовски

Велковски: Срамота е да се каже дека пет отсто е зголемување на пензиите

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Ковачевски: Пензиите ги зголемивме на историско ниво, има 100 милиони евра повеќе за 2024 и антикризни мерки, поддршката е системска, а не предизборна

СДСМ: Колку во Скопје што има бесплатен превоз толку ДПМНЕ и пензиите ќе ги качи