СДСМ: Колку во Скопје што има бесплатен превоз толку ДПМНЕ и пензиите ќе ги качи

Од:

Со ДПМНЕ нема поголеми плати и пензии, има само споменици и стиропор за богатење на Белата плата, врз грбот на народот. ДПМНЕ во изминатите 2 години покажа како ја практикува власта во Град Скопје и во 40-тина општини низ државата, со нула резултати и бесконечни листи нереализирани ветувања. Јавноста одамна ги прочита нивните лаги, тврдат од СДСМ.

-Колку во Скопје што има бесплатен превоз толку ДПМНЕ и пензиите ќе ги качи. Со СДСМ пензиите ќе продолжат да растат, а со новата методологија ќе се усогласуваат на секои шест месеци врз основа на растот на трошоците за живот и на просечната плата. СДСМ ја зголеми просечната пензија за 40 отсто. Во време на ДПМНЕ, во 2016 година, просечната пензија изнесувала 13.754 денари, додека во март 2023 година просечната пензија е покачена на околу 20.000 денари. Во времето на ДПМНЕ минималната пензија беше 9.000 денари, денес е 13.200 денари. Разликата е јасна и очигледна“, изјавија од партијата.

Би можело да ве интересира

Велковски: Со пензија под минималната и потрошувачка кошничка од 57.000 денари пензионерите едвај преживуваат

Горан Наумовски

Велковски: Срамота е да се каже дека пет отсто е зголемување на пензиите

Ковачевски: Пензиите ги зголемивме на историско ниво, има 100 милиони евра повеќе за 2024 и антикризни мерки, поддршката е системска, а не предизборна

Мицкоски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги зголеми пензиите линеарно од 5.000 денари за сите пензионери во Македонија

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

Делчевските пензионери маршираа низ градските улици барајќи линеарно покачување на пензиите