Внукот на Али Ахмети, Дрин стана управител на „Соравиа“, ќе ја води фирмата со Бугаринот Валери Атанасов

Од:

Внукот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, Дрин, од 13 септември е запишан како управител на „Соравиа“ во Скопје откако во јули годинава соопшти дека една од неговите фирми ќе стане втор најголем сопственик во деловниот центар.

Тој е сопственик и управител во „Соравиа Инвест ДООЕЛ Скопје“ и ќе ја управува фирмата заедно со постоечкиот директор и бугарски државјанин Валери Русев Атанасов.

Дрин Ахмети со својата компанија „Thor Industries“ стана сопственик на 39 отсто удел во деловниот центар, а мнозински сопственик со 51% ќе биде бизнисменот Владимир Пјетерѓокај од албанската компанија „PE-VLA-KU SH.P.K.“. Хано Соравија кој е основач на „Soravia Group GmbH“ остана со малцински удел од 10 проценти.

Откако во јавноста одекна веста дека 25-годишниот внук на лидерот на ДУИ – Дрин Ахмети ја купува Соравија, тој на прес конференција образложи детали за зделката околу преземањето на контролата врз трговскиот центар во срцето на метрополата.

„Уште минатата година со партнерите изразивме намера и почнавме да ги анализираме документите од компанијата Соравија кои покажуваа дека Соравија неколку години работи со загуба и има долг. Видовме можност за бизнис, се консултиравме со партнерот од Албанија, човек кој е сопственик на неколку бизни во Албанија и со него одлучивме да ја искористиме оваа можност“, изјави Дрин Ахмети по преземањето на уделот.

Уште во октомври имале средби во Виена со сопственикот на Соравија, средби на кои се разговарало да имаат удел во акциите. Како што вели Дрин Ахмети се створила хемија меѓу нив веднаш и по тој состанок Хано Соравија побарал понуда.

„ Се утврди дека Соравија има долг од околу 20 милиони, долг кон банки. Се до мај разговаравме и на 26 мај го склучивме договорот, дека ги превземаме долговите и купуваме дел од акциите. 20 милиони долг кон банки има ние ги превземавме долговите. Три милиони евра веќе се платени, а понатаму ќе следуваат уште трансакции. Овие пари се од подигнат кредит од шест милиони евра од тиранската банка Кредис каде што свој удел има албанскиот партнер Пјетерџокај“, изјави Ахмети.

Ако во следните три години бизнис центарот „Соравиа“ биде непрофитабилен, сопствениците планираат да го продадат.

Би можело да ве интересира

Дрин Ахмети се повлекува од раководната функција на „Тор индустрис“

Предраг Петровиќ

Јанушев: Обвинителството да отвори истрага за грантовите од ФИТР на Дрин Ахмети, од шест милиони по огласот, тој добил пет

Европски сојуз за промена: Законот не важи подеднакво за членовите на семејството на Али Ахмети

Владата ја смени одлуката: Мехмеди немал дозвола за контролор, Хекуран Асани е нов предлог за директор на М-НАВ

Орце Костов

Владата го разреши Хамиди: Илир Мемети нов генерален директор на М-НАВ

Орце Костов

Спасовски за внукот на Ахмети: Треба да се земат предвид сите факти и докази, Обвинителство ќе одлучи како ќе постапува

А1он