Владата ја смени одлуката: Мехмеди немал дозвола за контролор, Хекуран Асани е нов предлог за директор на М-НАВ

Од:

Три часа откако Владата за нов извршен директор на воздухопловната навигација М-НАВ, го предложи Илир Мехмеди, предлогот беше повлечен на седницата затоа што тој нема валидна дозвола за надзорен контролор на летање ниту шестгодишно работно искуство како контролор.

Владата на истата седница го преиначи заклучокот и го утврди Хекуран Асани за кандидат за таа позиција, потврдија од Владата за „А1он“.

Новиот предлог – Хекуран Асани, е активен контролор на летање во М-НАВ и ги исполнува барањата наведени во член 17 од Статутот на Акционерското друштво во државна сопственост М-НАВ.

„Еден од членовите на Управниот одбор ја води, организира и е одговорен за давање на услуги во воздухопловната навигација и носи назив – извршен директор за воздухопловната навигација. Членот се избира од редовите на вработените и мора да има стручни знаења, способности и искуство во организирање и водење на дејноста на Друштвото, да поседува валидна дозвола на надзорен контролор на летање и најмалку шестгодишно работно искуство како надзорен контролор на летање“, стои во Статутот на М-НАВ.

Претходно Владата на денешната седница даде препорака до Надзорниот одбор на М-НАВ за разрешување на претседателот на Управниот одбор и извршен директор за воздухопловна навигација Фахрудин Хамиди, како и на членот на Управниот одбор и извршен директор за воздухопловна техника Љубе Стаменковски.
По оваа одлука на Владата, Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) соопшти дека го ставаат во мирување штрајкот што го најавија за утре со затворање на воздушниот сообраќај на македонското небо.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов