„Нина Ангеловска е фатена во груба лага. Зоран Заев ја присили Ангеловска да лаже дека не постои документ, со кој таа им забранува на вработените во министерството да комуницираат со Гордана Димитриеска Кочоска. Тој документ постои и е објавен во медиумите, а воедно ви го испраќаме“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека Ангеловска и Заев ги тераат вработените да вршат криминал и незаконски активности.
„Не-комуникацијата на вработените со заменик министерот Гордана Димитриеска Кочоска е противзаконски е претставува опструкција на техничката влада и за тоа ќе има одговорност за секој кој нема да ги проследува наредбите. Ангеловска се плаши од функционално министерство за финансии затоа што знае дека на тој начин ќе излезат на виделина сите незаконитости кои ги прават со Зоран Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.