ВМРО-ДПМНЕ: Сугарески проектите од патната инфраструктура на Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги прикажува како свои

Од:

„Сугарески повторно без срам се обидува проектите од патната инфраструктура на Владата на ВМРО-ДПМНЕ да ги прикаже како свои.

Доблесно би било Сугарески да признае дека целиот ангажман на градежната оператива во источна Македонија е благодарение на проектите кои ги подготви, ги водеше и чија реализација ја отпочна владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ потпиша и договор за изградба на експресниот пат од Штип до Кочани

Исто така и градежните интервенции на патните правци Кочани-Виница, како и Штип-Радовиш беа проектирани и почнати повторно во време на ВМРО-ДПМНЕ.

Денешниот настан на Сугарески е само китење со туѓи перја.

Патем што да се очекува друго од Сугарески да се пофали кога во време на владеењето на СДСМ никогаш ништо не се реализирало во Источна Македонија, па така е и сега.

Каде се најавените нови 500 километри автопатишта, повторуваме НОВИ, кои СДСМ ги најавуваше во време на изборите? На крајот СДСМ се сведоа да доцнат со завршување на тоа што ВМРО-ДПМНЕ го отпочна. Но кога не знаат да почнат нешто ново, тогаш барем тоа што ВМРО-ДПМНЕ го подготвил и го отпочнал нека го довршат.

ВМРО-ДПМНЕ многу брзо пак ќе се врати на власт и ќе понуди и ќе реализира нови инфраструктурни проекти, не само за источниот дел на државата, туку и за цела Република Македонија“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на министерот Сугарески.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

A1on

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска