ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ сака да создаде паника меѓу пензионерите

Од:

„Очигледна е намерата на СДСМ да создаде паника меѓу пензионерите. Причината за тоа не е евро обврзницата, која носи доплнителна стабилност на пензиските фондови, туку желбата да се девалвира и оцрни најавеното ново покачување на пензиите.

– Еврообврзницата донесе дополнителен принос на индивидуалните сметки на членовите на вториот пензиски фонд, односно членовите ќе имаат повеќе средства на личните индивидуални сметки. Тоа значи повеќе пари за членовите на пензиските фондови, односно пензионерите.

– Сега кога се знае дека пензиските фондови заработиле повеќе, СДСМ треба да објасни по која логика и по која математика пресмета дека пензиите ќе смалуваат поради продажбата на еврообврзницата?

– Само за потсетување, СДСМ издаде евро обврзници во висина од 150 милиони евра, а во тоа време не се покачуваа пензиите, ниту пак навремено се исплаќаа. Изгледа им пречи покачувањето на пензиите од страна на ВМРО ДПМНЕ, со кое не се дозволува намалување стандардот на граѓаните и затоа СДСМ постојано одат со вакви прес конференции.

– Кратењето на пензиите беше и остана одлика за владите на СДСМ. Тие им скратија по 8% на пензионерите, а во цели 15 години ниту еднаш не ги покачија“, се вели во реакција на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на изјавата на Спиро Ристовски.

Би можело да ве интересира

Велковски: Со пензија под минималната и потрошувачка кошничка од 57.000 денари пензионерите едвај преживуваат

Горан Наумовски

Велковски: Срамота е да се каже дека пет отсто е зголемување на пензиите

Ковачевски: Пензиите ги зголемивме на историско ниво, има 100 милиони евра повеќе за 2024 и антикризни мерки, поддршката е системска, а не предизборна

СДСМ: Колку во Скопје што има бесплатен превоз толку ДПМНЕ и пензиите ќе ги качи

Мицкоски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги зголеми пензиите линеарно од 5.000 денари за сите пензионери во Македонија

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски