ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го продаде ЕСМ

Од:

ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Зоран Јовановски, и посочува дека СДСМ е тој што го продаде ЕСМ и природниот монопол од рацете на државата го даде во рацете на приватен сопственик.

„ВМРО-ДПМНЕ, тогаш потпиша и декларација за непродавање на ова државно претпријатие, но Владата на СДСМ ги убедуваше граѓаните дека продажбата ќе доведе до поголеми бенефиции за граѓаните. Според ВМРО-ДПМНЕ, Јовановски треба да ги бара одговорите зошто струјата поскапува и кои придобивки ги видоа граѓаните од продажбата на ЕСМ кај Радмила Шекеринска и своите функционери од тоа време“, сѕои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„ Хипокризијата на Јовановски граѓаните ја препознаваат. Јовановски наместо празните прес-конференции нека отиде кај своите сопартијци да му одговорат зошто СДСМ тогаш не размислуваше дека со приватизацијата на ЕСМ ќе предизвика загрозување на стандардот на граѓаните, дека ќе дојде до поскапување на цената на струјата, а со тоа и поскапување на храната и лебот? Ете тоа се прашањата на кои сите граѓаните треба да добијат одговор“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ одржал партиски состанок во училиште во Струмица, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Љутков постојано е на пат, повеќе е во странство отколку на своето работно место

СДСМ: РЕК Битола работи на продолжен кабел

Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки

Димитриевски: Актуелниот ДУП е донесен во 2010 година во време на поранешниот градоначалник Зоран Дамјановски

Филипче од Неготино: Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет и идеја за водење на државата

А1он