ВМРО-ДПМНЕ: Анѓушев се обиде да приграби преку ФЕРОИНВЕСТ тендер од АД ЕЛЕМ од 2.6 милиони евра

Од:

„Кочо Анѓушев на најгруб можен начин ја злоупотреби функцијата вице-премиер на Владата на СДС и се обиде да приграби преку својата фирма ФЕРОИНВЕСТ тендер од АД ЕЛЕМ во вредност 2.6 милиони евра.

Ова е типичен пример за судир на интереси. Кочо Анѓушев на најподмолен начин ја злоупотребува државната функција, а со тоа и парите на граѓните.

Ова е нешто невидено во ниту една друга држава. Затоа, го повикуваме Кочо Анѓушев, уште веднаш да си поднесе неотповиклива оставка и уште уште еднаш да ги тргне своите раце од парите на граѓаните. Оставката е најмалку што може да направи Кочо Анѓушев во овој момент. Тој со оваа постапка каде што си додели сам на себе тендер, уште еднаш потврди дека не е на функцијата за да работи за граѓаните, туку за личните интереси.

Кочо Анѓушев како вице премиер, наместо да работи на инвестиции за граѓаните, за жал тој инвестира народни пари во својот личен џеб.

Граѓаните бараат одговорност! Граѓаните бараат оставка од Кочо Анѓушев.

Предупредуваме Владата да не помисли да го поништи тендерот и да распише оглас за нов после изборите за да може Кочо Анѓушев да ги лапне парите кога полуитичката штета би била помала. Доколку „Фероинвест“ односно Кочо Анѓушев, транспарентно го добила тендерот, ќе се откаже од истиот, со што ќе се отвори врата за повторување на тендерската постапка и ќе се отфрли сомнежот за влијание врз постапката.

Воедно, го повикуваме Јавното обвинителство веднаш да отпочне постапка за утврдување на одговорност и транспарентност на постпаката, каде сметаме дека имало влијание од страна на Кочо Анѓушев.

На овој бандитизам мора да му се стави крај уште веднаш. Користењето на државните средства и парите на граѓаните за лично богатење е одлика и начин на работа на СДС.

Граѓаните го гледаат бандитизмот и расипништвото на СДС со нивните пари, и истото ќе го казнат на претстојните локални избори на 15-ти октомври“, изјави Светлана Јакимовска.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Ги напаѓа ли Филипче САД преку Сашо Орданоски, и менува ли курс по паметот на Левица

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се против реформи во правосудството затоа што ќе нема место за оние на нивен телефонски повик како Кацарска, Трпков, Коцевски и Рускоска

Митева: Владата достави предлог за разрешување на Јавниот обвинител

Горан Наумовски

И владејачкото мнозинство поднесе барање за надзорна расправа за аерозагадувањето, Гаши треба да одлучи кое матично тело е надлежно за нејзино организирање

Петрушевски: Се гледа крајот на Трпков и Кацарска судството помогнати од партиските слуги како Коцевски и Русковска

Катерина Ѓуровски

Владата денеска решава дали ќе ги прифати предлозите на трговците или ќе донесе и свои мерки