Владата се задолжи 160 милиони евра кај ЕУ за справување со последиците од коронавирусот

Од:

На денешната седница, Владата ја донела Уредбата со законска сила за задолжување на државата кај Европската Унија преку инструментот макро–финансиска поддршка за справување со последиците предизвикани од КОВИД-19 пандемијата за време на вонредна состојба.

„Со инструментот Mакро–финансиска поддршка за справување со последиците предизвикани од КОВИД-19 пандемијата на Европската Унија, на Северна Македонија и се одобрени 160 милиони евра за враќањето на одржлива надворешна финансиска состојба и за поттикнување на економските прилагодувања, структурните реформи и преземање соодветни мерки како одговор на економската криза предизвикана од КОВИД-19“, се вели во владиното соопштение.

 

Би можело да ве интересира

Зеленски: Ако не сме членка на ЕУ, нема да има договор за експлоатација на ретки минерали

Влада: Засега немаме добиено барање од СДСМ за лидерска средба

Рокас: Реформската агенда од Планот за раст не е замена за членството во ЕУ

ЕУ: Безусловно повлекување на руските сили од Украина, предуслов за укинување на санкциите

ЕК: Повлекувањето на Русија од Украина е главен услов за укинување на санкциите на ЕУ кон Москва

Кина подготвува уште посилен удар за Западот

Горан Наумовски