Виз ер од 29 октомври нема да наплаќа дополнително за рачен багаж

Од:

Нискобуџетната авиокомпанија „Виз ер“ денеска најави дека од 29 октомври годинава патниците повеќе нема да плаќаат дополнителен надомест за голем или мал рачен багаж во кабината на авионот на оваа авиокомпанија.

– Патниците ќе имаат право да донесат еден дел од рачниот багаж кој ги исполнува димензиите од 55х40х23см. Оваа торба е вклучена во цената на билетот. Ова претставува зголемување од 50 проценти во однос на претходната големина на бесплатниот додаток на багаж. Клиентите кои патуваат на или по 29 октомври 2017 година, кои веќе купиле рачен багаж директно преку каналите на Виз ер ќе бидат надоместени со 120 проценти од платената цена, префрлени на нивните виз сметки, соопшти Виз ер, кој реализира летови од Македонија со субвенции од Владата.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

A1on

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска